Top Sport

Доминик Матео се опоравил од туморот на мозокот

Поранешниот дефанзивец на Лидс, Ливерпул и шкотската репрезентација, Доминик Матео откри дека добил убави вести дека се опоравил од туморот на мозокот кој му беше дијагностициран пред шест месеци.

45-годишниот Матео преку Твитер се заблагодари на болницата „Сент Џејмс“ во Лидс, кои според него „му го спасиле животот“.

„Вчера го добив телефонскиот повик за кој се молев долго време. Скенот на мозокот е чист! По шест месеци операција и третман, сега сум здрав. Не ми се верува. Болницата ми го спаси животот и едно благодарам нема да биде доволно“, напиша Матео.

Матео дебитираше за Ливерпул во октомври 1993 и имаше 155 настапи за „црвените“ во седум сезони, пред да замине во Лидс во 2000. Тој беше постојан првотимец на „Еланд роуд“ и во четири години имаше 146 настапи, помагајќи клубот да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите во 2001, постигнувајќи славен гол против Милан на „Сан Сиро“. Подоцна, тој беше дел од тимот кој испадна од лигата во 2004 година, пред да се пресели во Блекбурн, а пред пензијата во 2009 играше и во Стоук сити.

Scroll to Top