Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри за кого ќе навива на Светското првенство во Катар. Канада е фаворитот на Анчелоти, од проста причина што неговата сопруга е Канаѓанка.
„Канада одамна не била на Светското првенство. Канада е мојот втор дом. Исто така, претседателот на Канадската фудбалска асоцијација е од Абруцо и сите таму ќе навиваат за Канада“, изјави Анчелоти.
Медиумите на Апенините пишуваат дека мнозинството Италијанци на Мундијалот навиваат за Аргентина, каде што живеат многу потомци на италијански емигранти.
Канада вечрва од 20 часот, против Белгија, ќе го одигра првиот натпревар на СП.