Милан стигна до 2:0 победа над Фрозиноне за да се искачи на четвртото место во Серија А, последно кое води во Лигата на шампионите на само еден меч до крајот на сезоната.
Милан сега, по 37 кола има 65 поени на четвртото место, идентично со Аталанта на петтото место, но клубот од Бергамо има натпревар помалку – вечерва игра со Јувентус во Торино. Доколку Аталанта загуби од Јуве, на „росонерите“ ќе им биде доволна победа над СПАЛ во последното коло за враќање во ЛШ.
Прв „херој“ на Милан беше Џиџи Донарума, кој во 49. минута од мечот го одбрани пеналот на Камило Чано, за да даде шанса на тимот на Џенаро Гатузо, за Кшиштоф Пјонтек да го прекине постот од голови во 57. минута да донесе 1:0 водство, постигнувајќи го својот прв гол од 6 април. Сусо во 66. минута зголеми на 2:0 со прекрасен гол од слободен удар.
Donnarumma’s save pic.twitter.com/31frmuoOwZ
— No_CL (@semo33x) May 19, 2019