Голманот на Милан Џиџи Донарума бил подготвен да го продолжи договорот со клубот. Актуелниот договор на Донарума со клубот истекува наредната година, а тој сакал да потпише нов до јуни 2023 година.
Според италијанските медиуми Донарума ќе го продолжи договорот без да му биде покачена плата, односно тој и понатаму би заработувал шест милиони евра годишно.
Во новиот договор можно е да му бидат покачени бонусите и дека ќе има посебен бонус за наредната сезона доколку Милан се пласира во Лигата на шампионите.
Донарума вечерва против Сасуоло ќе го забележи 200 настап на голот на Милан.