Top Sport

Донарума од понеделник ќе биде играч на ПСЖ

Џанлуиџи Донарума, кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ. Голманот на Италија, во Париз се сели како слободен играч.

Донарума, според медиумите, во понеделник ќе го стави својот потпис на договорот со ПСЖ.

Донамруна со Италија, во недела, ќе го одигра натпреварот од третото коло на Европското првенство. Денот за одмор тој ќе го искористи за да ги заврши сите формалности околу трансферот.

Откако ќе ги мине лекарските прегледи, Донарума ќе потпише петгодишен договор, според кој ќе има годишна плата од 12 милиони евра.

Scroll to Top