Top Sport

Дополнителна мотивација за Карабаг: Атлетико тренираше на „Винсенте Калдерон“

Фудбалерите на Атлетико Мадрид последниот тренинг пред вечерашниот дуел со Kарабаг во Лигата на шампионите го одржаа на својот старт стадион „Винсенте Калдерон“.

Атлетико последниот натпревар на овој стадион го одигра пред пет месеци, а од оваа сезона мачевите ги игра на новиот стадион „Ванда Метрополитано“.

„Винсенте Калдерон“ ќе биде срушен, но додека тоа не се случи Атлетико може да го користи својот стар стадион.

„Дискутиравме каде ќе тренираме и се согласивме дека идеално место е Калдерон“, рекол тренерот Диего Симеоне.

Воочи дуелот со Карабаг на играчите на Атлетико им е потребна дополнителна мотивација, која секако можат да ја извлечат од легендарниот стадион. Атлетико на последните шест натпревари во сите конкуренции нема пораз, но има забележано само една победа.

Дуелот со Карабаг е клучен за Атлетико бидејќи по три кола има само два бода во Ц групата.

„Верувам во моите играчи. Нема место за паника бидејќи ситуацијата ќе се смени и ќе почнат да ни се случуваат убави работи, но само доколку продолжиме да се бориме онака како што тоа го правиме од почетокот на сезоната“, рекол Симеоне.

Пред две недели дуелот во Баку помеѓу Карабаг и Атлетико заврши 0:0.

Scroll to Top