Top Sport

Дортмунд издржаа за да му го расипат дебито на Клинсман, Лајпциг е нов лидер (видео)

Борусија Дортмунд одигра едно полувреме без исклучениот Матс Хумелс, но успеа да изддржи за 2:1 победа на гости кај Херта Берлин, на чија клупа првпат беше легендарниот Јирген Клинсман.

dobivaj vesti na viber

„Милионерите“ за две минути постигнаа два гола, откако прво Џејдон Санчо стрелаше во 15. минута, за веднаш потоа Торген Азар да зголеми на 0:2. Чехот Владимир Дарида во 37. минута успеа да намали на 1:2, а пред финишот на полувремето, Хумелс го доби вториот жолт картон.

Со победата, Борусија е петта со 23 поени, четири помалку од лидерот РБ Лајпциг, кој се намачи на гостувањето кај Падерборн да стигне до 3:2 победа. Херта е во зоната за испаѓање на 16. место со 11 поени.

БУНДЕСЛИГА, 13.КОЛО

Келн – Аугзбург 1:1

Херта – Борусија Дортмунд 1:2

Хофенхајм – Фортуна Диселдорф 1:1

Падерборн – РБ Лајпциг 2:3

Scroll to Top