Top Sport

Хамилтон со прва пол-позиција од јули

Луис Хамилтон призна дека е добро да се врати на пол-позицијата, освојувајќи го првото место за стартот на Абу Даби ГП трката во недела, последна во 2019.

Хамилтон освои четири пол-позиции во првата половина од сезоната, но последен пат кога победи на квалификациите беше Германското ГП во јули. На блескавата патека Јас Марина, Хамилтон заврши со две десетинки пред колегата од Мерцедес, Валтери Ботас, прекинувајќи ја најдолгата „суша“ во ерата на турбо-хибридни болиди.

„Помина многу долго време од последната пол-позиција. Продолжувавме да се обидуваме и момците завршија одлична работа“, вели Хамилтон.

Макс Ферстапен заврши на третото место, пред двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

Scroll to Top