Top Sport

Ван Дајк со два гола – Ливерпул отиде на +11, Челси загубени против „чеканите“ (видео)

Ливерпул изддржа за тесна 2:1 победа над Брајтон во 14. коло во Премиер лигата за да се одвои на +11 поени пред Манчестер сити и Лестер (со натпревар помалку) на врвот на табелата.

Во тим со толку славни напаѓачи како Фирмино, Салах и Мане, двата гола за „црвените“ ги постигна нивниот дефанзивец Виргил ван Дајк во 18. и 24. минута најавувајќи лесен триумф за тимот на Јирген Клоп. Меѓутоа финишот на натпреварот беше тензичен за европските шампиони, откако голманот Алисон доби црвен картон за играње со рака надвор од шестнаесетникот, а Луис Данк од слободен удар во 79. минута намали на 2:1.

Вест хем по 17 години успеа да го освои „Стемфорд бриџ“, победувајќи го 1:0 во интересен меч. Арон Кресвел беше единствениот стрелец на мечот, а Челси и покрај доминацијата немаше ниту еден удар во рамките на голот.

Тотенхем на Жозе Мурињо пак, продолжи да победува, откако „препородениот“ Деле Али постигна два гола при 3:2 победата над Бурнемаут, со која Спарси се искачија на шестото место на табелата.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 14.КОЛО

Барнли – Кристал палас 0:2

Челси – Вест хем 0:1

Ливерпул – Брајтон 2:1

Тотенхем – Бурнемаут 3:2

Ексфудбалерот на Ливерпул, Џонџо ги „стресе“ Сити – титулата полека бега (видео)

Scroll to Top