Поранешниот потпретседател на Барселона, Емили Русод по неговото заминување од бордот на клубот обвини дека некој крадел од парите на каталонскиот гигант.
Русод е еден од шесте члена на бордот на Барса кои во четвртокот навечер дадоа оставки покрај Енрике Томбас, Силвио Елиас, Марија Теишидор, Жосеп Понт и Жорди Класамиља, кои преку писмо остро го нападнаа претседателот на клубот, Жозеп Марија Бартомеу.
Директорите се сомневаат во насоката во која се води клубот во текот на кризата со корона вирусот која носи огромни економски штети на сите фудбалски клубови во Европа.
„Сакаме да посочиме дека менаџерите ја пренесоа одлуката на претседателот Бартомеу да заминеме од клубот, бидејќи не можеме да ги смениме критериумите на водење на клубот посебно во сценариото по епидемијата. Исто така мораме да го посочиме несогласувањето со несреќната епизода на социјалните мрежи кои некои ја нарекоа ’Барсагејт’, и за која дознавме преку медиумите“, се вели во тоа писмо.
Проблемот со социјалните мрежи беше најголема грижа на Бартомеу, кој покрај лошиот публицитет кој го доби Барселона значи дека некој (засега неименуван) ги користи парите на Барселона за лични цели.
„Искрено, мислам дека некој ја краде Барселона. Кој беше тоа? Не верувам дека некој од бордот на клубот, но можам само да шпекулирам. Кога ќе платиш за нешто милион евра ако тоа вреди 100.000 евра, тоа носи корист за некој надвор од клубот. Со проблемот со социјалните мрежи имаме три проблеми. Прво е тоа што социјалните мрежи се користеле да се уништи репутацијата на други лица и не верувам дека тоа се случувало. Второ, дали тие 3 милиони евра за тие услуги имаат пазарна вредност? И зошто е тоа направено зад грбот на бордот“, вели Русод.