Top Sport

„Досието“ на Рангник го открива апсолутниот хаос во Манчестер јунајтед

Преодниот менаџер на Манчестер јунајтед, а наскоро советник на тимот, Ралф Рангник ќе му предаде на новиот прв човек Ерик Тен Хаг „досие“ со брутална оценка за фудбалерите на клубот, во која се посочува дека на клубот му е потребен целосен „ремонт“ со недисциплинирани играчи, кои се себични, на кои им недостасува квалитет и имаат премногу моќ, тврди „Дејли мирор“.

По разговорите со директорот за фудбал Џон Мурто и генералниот директор на клубот, Ричард Арнолд, 63-годишниот Рангник најавил искрена проценка на ситуацијата на клубот и неверојатниот непрофесионализам на скапо платените ѕвезди.

Според Рангник, дел од фудбалерите едноставно ги игнорирале неговите инструкции за тактика на теренот во одредени натпревари, дел од фудбалерите едноставно „не се дораснати“ за работата, ниту се доволно физички подготвени да се справат со најдобрите клубови во Англија.

Рангник советува „чистка“ во клубот, и откажување од „навиката“ за купување на големи имиња и наместо тоа фокусирање на носење на млади и „гладни“ играчи. Во одбраната, Рангник смета дека Арон Ван-Бисака, Ерик Баји, Фил Џонс и Виктор Линелоф се недораснати, и дека капитенот Хери Мегваер не е единствениот кој треба да биде „жртвен јарец“.

Во средината на теренот, Рангник е шокиран од недостатокот на енергија и подготвеност за физичка игра, советувајќи барем три засилувања на оваа позиција. Во нападот, Јунајтед и покрај 20-те гола на Кристијано Роналдо има големи проблеми и смета дека трансферите на Одион Игало во 2020 и на Единсон Кавани во 2021 биле доказ дека не постои визија за иднината. Тој очекува Тен Хаг да извлече максимум од Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, но смета дека Антони Марсијал мора да биде продаден.

Scroll to Top