Top Sport

Матиќ убаво научил од Мурињо: Јас три титули, Арсенал нула!

Српскиот ветеран Немања Матиќ не им остана должен на навивачите на Арсенал, кои вчера при 3:1 победата над Манчестер јунајтед, го провоцираа фудбалерот на „ѓаволите“ на клупата.

По излегувањето во игра во 77. минута, на извиците од публиката, Матиќ одговори јасно – се сврте кон нив и им порача дека тој има освоено три титули од Премиерлигата, а во ист период „топчиите“ не освоија ниту еден трофеј.

Матиќ, сепак, титулите не ги освои со Јунајтед, туку со Челси, каде што беше миленик на Жозе Мурињо, со кого може да се обедини следната сезона во Рома по потврдата дека заминува од „Олд Трафорд“.

Scroll to Top