Холандскиот напаѓач Бас Дост реши да остане во Спортинг Лисабон и покрај тоа што пред два месеци беше нападнат од навивачите на португалскиот клуб и доби исеченица на главата за која мораше да оди на шиење.
29-годишниот Дост по нападот изјави дека не може да остане во Спортинг, но на крајот го смени мислењето и потпиша нов петгодишен договор.
„Задоволен сум и сакам да гледаме напред. Пред две години дојдов во Португалија и навистина го сакам овој клуб. За мене и за сите овој перидо беше многу тежок, но имам чувство дека припаѓам во Спортинг. По нападот имаше многу фанови кои ме поддржуваа“, вели Дост.