Top Sport

Дост потпиша нов договор со Спортинг иако фановите го тепаа

Холандскиот напаѓач Бас Дост реши да остане во Спортинг Лисабон и покрај тоа што пред два месеци беше нападнат од навивачите на португалскиот клуб и доби исеченица на главата за која мораше да оди на шиење.

29-годишниот Дост по нападот изјави дека не може да остане во Спортинг, но на крајот го смени мислењето и потпиша нов петгодишен договор.

„Задоволен сум и сакам да гледаме напред. Пред две години дојдов во Португалија и навистина го сакам овој клуб. За мене и за сите овој перидо беше многу тежок, но имам чувство дека припаѓам во Спортинг. По нападот имаше многу фанови кои ме поддржуваа“, вели Дост.

Навивачите на Спортинг ги нападнале играчите

Scroll to Top