Top Sport

Довчерашниот тренер на Црвена Звезда седнува на клупата на Бешикташ?

Српскиот фудбалски стручњак, Владан Милојевиќ, кој до неодамна беше на кормилото на белградска Црвена Звезда прави нов чекор во кариерата.

Според пишувањата на „Mozzartsport”, Милојевиќ е на чекор да биде нов кормилар на Бешикташ од Истанбул. Иако како фаворит за преземање на турскиот фудбалски великан се споменуваше името на тренерот на Малатиаспор, Серген Јалчин, сепак Милојевиќ заминува за Истанбул на преговори.

Тој минатиот месец по две ипол години на чело за Звезда ги напушти „црвено-белите“ оставајќи му на неговиот наследник на клупата, Дејан Станковиќ предност од 11 бода пред Партизан на табелата во првата лига на Србија.

Додека Милојевиќ беше тренер на Црвена Звезда клубот освои две титули во домашното првенство, а успеа и двапати во низа да игра во групната фаза во Лигата на шампиони.

Scroll to Top