Top Sport

Горан Иванишевиќ и Кончита Мартинез влегуваат во Куќата на славните

Нови членови на тениската Куќа на славните која се наоѓа во Њупорт, САД се Шпанката, Кончита Мартинез и Хрватот, Горан Иванишевиќ, беше објавено денеска на интернет страницата на КС.

Легендарните тенисери кои своевремено освојуваа грен слем титулу добија најмногу гласови во изборот за влез во КС за 2020 година.

Иванишевиќ е првиот хрватски тенисер на кого му припадна оваа чест, додека пред Мартинез, во Куќата на славните беа примени нејзините сонародници Маноло Сантана, Аранча Санчез Викарио, Мануел Орантес, Андрес Химено и Мануел Алонсо.

Интересно е дека и двајцата екс-тенисери останаа активни во овој спорт и по крајот на кариерата.

Иванишевиќ му е тренер на Новак Ѓоковиќ, а Мартинез на сонародничката Мугуруза.

Свечениот прием е закажан за 18 јули годинава.

„Му честитам на мојот драг тренер што е примен во Куќата на славните. Тој тоа го заслужува, затоа што е легенда на нашиот спорт. Го знам од 14 години, го запознав во Германија, додека тој се подготвуваше за освојување на Вимблдон. Тогаш како дете бев воодушевен што имав можност на терен да ја прфрлам топката токму со него. Од тогаш сме блиски, зборуваме ист јазик и сјајно се согласуваме. Горд сум што го имам во мојот тим“ – рече за Иванишевиќ моментно вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кого го очекува полуфинале на АО против Роџер Федерер.

Scroll to Top