Еден ден по шокантните сцени од третата шпанска лига, српскиот фудбалер Драгиша Гудељ е во добра состојба и се опоравува во болницата во Кордоба, потврди и неговиот брат, далеку попознатиот фудбалер на Севилја, Немања Гудељ.
25-годишниот Гудељ доби срцев удар на почетокот на мечот Кордоба-Расинг Ферол, и откако беше реанимиран на теренот, сакаше да се врати во игра, пред да биде однесен в болница. Неговиот брат со фотографија на Инстаграм се заблагодари на фановите и на лекарите.
„Сакам најискрено да се заблагодарам во свое име и во име на моето семејство за љубовта и грижата за здравствената состојба на Драги. Срцето на мојот брат продолжува да чука благодарение на луѓето во Кордоба и вработените во болницата ‘Реина Софија’“, вели Гудељ.
Српски фудбалер добил срцев напад на терен, сакал да продолжи да игра!