Баерн Минхен ја освои својата 30. титула германски шампион и осма едноподруго, откако во шесте меча по рестартот на Бундеслигата, забележа шест победи, од која последната од 1:0 на гостувањето кај Вердер Бремен беше доволна за математички да се обезбеди трофејот.
Како и многу пати, човек на одлука беше Роберт Левандовски, кој во 43. минута од мечот избегна офсајд-стапица и доби совршена топка од Џером Боатенг за да го постигне единствениот гол на мечот.
Ваков исход на Бундеслигата оваа сезона не беше гарантиран кога Нико Ковач ја загуби тренерската позиција во клубот, а Борусија Дортмунд беше на првото место, но под Ханси Флик, Баварците се вратија во форма и го запечатија трофејот со неверојатната пролетна низа по која имаат 10 поени предност пред Дортмунд на две кола пред крајот на сезоната (Борусија има натпревар помалку).
БУНДЕСЛИГА, 32.КОЛО
Фрајбург – Херта 2:1
Унион Берлин – Падерборн 1:0
Вердер Бремен – Баерн Минхен 0:1
ВЕРДЕР – БАЕРН
УНИОН Б.-ПАДЕРБОРН
ФРАЈБУРГ-ХЕРТА