Top Sport

Дракслер му се приклучи на Верати во катарската лига

Пари Сен-Жермен и официјално се раздели со уште еден „непожелен“ фудбалер, продавајќи го Германецот Јулијан Дракслер на катарскиот клуб Ал-Ахли.

29-годишниот Дракслер, кој минатата сезона играше како позајмен играч во Бенфика, потпиша двегодишен договор до летото 2025 година. Тој е трет фудбалер на ПСЖ кој заминува во Катар по Абду Дијало и Марко Верати кои се приклучи на ривалите на Ал-Ахли, клубот Ал-Араби.

Дракслер пристигна во Париз од Волфсбург во 2017 година за 36 милиони евра и имаше 198 настапи за ПСЖ и 26 постигнати гола, освојувајќи четири титули од Лига 1.

Scroll to Top