Top Sport

(Видео) Радоњиќ донесе победа за Торино на гости кај Салернитана

Српскиот напаѓач, Немања Радоњиќ постигна два гола за да ги предводи Торино до импресивна 3:0 победа на гости кај Салернитана, за втора победа во низа. Радоњиќ, по пристигнувањето од Олимпик Марсеј има четири гола за „биковите“.

Алесандро Бонџорно ги донесе гостите во водство во 14. минута од мечот, пред Радоњиќ да постигне прекрасен гол во 41. минута за сигурно водство. Радоњиќ постигна уште еден гол во 50. минута за 0:3, за во 58. минута да му биде поништен уште еден гол, спречувајќи го да стигне до хет-трик.

Торино имаат 7 поени по првите четири меча во Италија и се на седмото место, додека Салернитана е претпоследна со два поени од четири меча.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top