Манчестер јунајтед станаа „експерти“ за драма оваа сезона во Премиер лигата, откако Маркус Рашфорд во 94. минута, конечно, го „скрши“ отпорот на Вулверхемптон за 1:0 победа со која се искачуваат на второто место на табелата со само два поени заостанување зад лидерот Ливерпул.
Во првото полувреме двата тима имаа доста шанси за гол – Бруно Фернандеш излезе сам пред Ру Патрисио, но голманот одлично реагираше, додека „волците“ имаа греда преку Саис, и уште една убава одбрана на Давид де Хеа.
„Ѓаволите“ го кренаа темпото во второто полувреме, и во 70-тата минута, Единсон Кавани ја смести топката во голот, но тој беше поништен поради офсајд.
RASHFORD’s GOAL 1-0. ? pic.twitter.com/z7afDgnRSt
— Alex (@GeniusMUFC) December 29, 2020