Top Sport

Трагедија во Канада – половина хокеарски клуб загина во сообраќајка

Канада е во црно, откако речиси половина хокеарски клуб на Хамболд бронкос, со играчи од 16 до 21 година, загина во сообраќајна несреќа

Трагедијата се случи во државата Саскачеван, кога автобусот кој ги превезувал младите хокеари се судрил со камион. Во автобусот имало 28 луѓе, од кои 14 го загубија животот.

„Семејството на Бронкос уште е во шок, и се обидуваме да се справиме со огромната загуба за нашиот клуб. Зборовите не можат да опишат што чувствуваме денеска“, вели претседателот на Бронкос, Кевин Гарингер.

Со порака за сочувство се јави и канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Моето срце е кон сите кои се погодени од оваа страшна трагедија“, напиша Трудо на Твитер.

Scroll to Top