Top Sport

Драматично во Минхен – Упамекано направи пенал, Халанд високо над голот!

Дајот Упамекано ќе го памети Манчестер сити, откако прво доби црвен картон (кој беше повлечен), а потоа во 36. минута играше со рака во шестнаесетникот за гостите да добијат пенал на „Алијанц арената“.

Упамекано имаше ужасен прв меч од четврт-финалето на ЛШ на гости во Манчестер (каде што Сити направија 3:0 предност), а очигледно не му одговара борбата со тимот на Пеп Гвардиола.

За негова среќа, повторно, Ерлинг Халанд изведе еден од најлошите пенали во неговата кариера, праќајќи го ударот високо над голот.

Scroll to Top