Top Sport

Легендата на Реал Бетис, Хоакин во пензија на крајот на сезоната

Легендата на Реал Бетис и на шпанскиот фудбал, Хоакин потврди дека се повлекува од фудбалот на крајот на сезоната на 41 година. Хоакин во 2005 со Бетис го освои Копа дел реј, по што играше во Валенсија, Малага и Фиорентина, пред да се врати во клубот од Севилја во 2015 година.

„Сакам да кажам дека моето време заврши. Време е да откријам дека ова е мојата последна сезона како игра на Реал Бетис. Ова не е збогување, туку само ‘се гледаме наскоро’, бидејќи ќе бидам покрај вас цело време, бранејќи го мојот живот, бидејќи Реал Бетис беше мојот живот. Ќе живеам на поинаков начин, но со исто чувство и со иста радост како сите овие години“, вели Хоакин.

Лани, Хоакин како капитен на Бетис и по вторпат ја освои титулата во Копа дел реј, победувајќи ја Валенсиа на пенали. Тој вкупно имаше 521 настапи за Бетис, постигнувајќи 68 гола. Со девет меча до крајот на сезоната во Ла лига, тој може да го надмине рекордот на Андони Зубизарета за најмногу настапи во Ла лига (622), бидејќи му недостасуваат само седум до рекордот.

Scroll to Top