Top Sport

„Несреќникот“ Упамекано доби црвен картон, но за среќа Халанд беше во офсајд

Дајот Упамекано, дефанзивецот на Баерн Минхен кој од многумина беше прогласен за главниот виновник за 3:0 поразот на Баварците во првиот меч од четврт-финалето на ЛШ на гости кај Манчестер сити, за малку ќе станеше трагичар и пред домашната публика на „Алијанц арената“.

Во 18. минута од мечот, Упамекано не успеа на време да го стигне Ерлинг Халанд по една долга топка и го фаулираше додека тој беше пред голот на Матијас Зомер, и францускиот судија Клемен Турпан веднаш му покажа црвен картон. За среќа, линискиот судија сигнализираше офсајд кој потоа беше потврден и од ВАР системот.

Scroll to Top