Дресот на Аргентина кој пред 33 години на пријателски натпревар го носел Диего Марадона на интернет аукција бил продаден за 55.000 евра.
Чиро Ферара поранешен соиграч на Марадона од Наполи го понудил дресот на аукција. Ферара го добил дресот на Марадона по пријателскиот натпревар што го одиграле Италија и Аргентина на 10 јуни 1987 година во Цирих. Ферара на тој натпревар дебитирал во дресот на „азурите“.
На аукцијата биле продаден уште неколку фудбалски предмети. Вкупно биле собрани 85.000 евра кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели за граѓаните на Неапол.
„Чиро добивме уште еден натпревар, веројатно најважниот. Го добивме заедно исто како порано“, напишал на „Фејсбук“ Марадона.