Top Sport

Дресот на Барса за „Ел класико“ во соработка со Росалија ќе ве чини 2.000 евра!

Барселона ја објавија новата лимитирана едиција на дресовите за „Ел класико“, и најскапиот од нив чини фантастични 2.000 евра.

Барса има партнерство со компанијата за музички стриминг „Спотифај“, со што нивното лого е на дресовите во договор вреден 280 милиони евра, но за големите мечеви следуваат и посебни мечеви. Минатиот октомври за „Ел класико“ на „Сантијаго Бернабеу“ на дресовите бше ОВО логото на канадскиот рапер Дрејк, за да се одбележи тоа што тој стана првиот музичар со 50 милијарди стримови на „Спотифај“. Барса загуби со 3:1.

За мечот овој викенд, пак, на дресовите ќе го има логото на каталонската музичка мегаѕвезда, Росалија и нејзиниот албум „Мотомами“. 30-годишната Росалија има 10 синглови кои стигнаа до првото место на топ-листата во Шпанија и има освоено осум латински Греми награди.

Дресовите, со „Росалија 1“ на грбот веќе се на продажба на официјалниот веб-сајт на Барса со одлична цена од 400 евра, но ако сакате да добиете лимитирана едиција од само 11 дреса кои светат во темно и кои се со потписи на сите 11 кои ќе стартуваат против Реал, ќе треба да издвоите 2.000 евра.

Scroll to Top