Top Sport

Дресот на Марадона од култниот меч со Англија може да достине цена од 2.000.000 долари

На 22.јуни 1986 година на стадионот „Астека“ во Мексико сити, Диего Марадона ги постигна двата најпознати голови во историјата на фудбалот. Првиот е „Божјата рака“, а вториот е ремек-дело, кога Аргентинецот нанижа неколку играчи, го претрча целиот терен и го совлада Шилтон.

По натпреварот дресот на Марадона од тој четврт-финален меч завршил кај Стив Хоџ. Се претпоставува дека Хоџ за кулниот дрес може да добие 2.000.000 долари. Инаку дресот се наоѓа во музејот во Манчестер, но Хоџ бил заинтересиран да го продаде.

„По завршувањето на натпреварот, одев низ тунелот и забележав дека од спротивната страна доаѓа Марадона. Го соблеков мојот дрес и онака, додека се разминувавме ги разменивме дресовите“, изјавил Хоџ.

Scroll to Top