Top Sport

Пике: Сите сакаме Меси да остане во клубот

Фудбалскиот клуб Барселона постигна договор со фудбалерите за намалување на платите, но се уште останува нејасна судбината на Лионел Меси. Договорот на најдобриот фудбалер во историјата на клубот истекува наредното лето, а тој веќе од 1.јануари ќе може да преговара со други клубови.

Еден од сенаторите во соблекувалната на Барса, Џерар Пике, рекол дека желбата на сите играчи е Аргентинецот да остане во клубот, но дека сепак одлуката ќе ја донесе Меси.

„Морате него да го прашате дали ќе остане или не. Сите ние сакаме да остане, но тоа е приватна одлука. Се надевам дека некој ќе го убеди да остане со нас уште некоја година“, рекол Пике.

Тој истакнал дека е тажен што Луис Суарез повеќе не е во клубот.

„Бев тажен кога замина. Многу години беше со нас. Делевме многу работи, не беа тоа само 90 минути на секој натпревар. Има работи кои навивачите не ги гледаат“.

Џерар Пике, неколку месеци ќе биде отсутен од тимот, поради повредата на лигаментите.

Scroll to Top