Top Sport

Дресовите на Спортинг со логото CR7 се продаваат „како алва“

Фудбалскиот клуб Спортинг ја претстави третата гарнитура на дресови за следната сезона со логото „CR7“, што се покажа како врвен маркетиншки потег.

Само од продажбата на овој комплет, клубот за само неколку дена инкасирал 750.000 евра.

Минатата недела клубот од Лисабон на социјалните мрежи објави дека во продажба е пуштена третата гарнитура дресови, која „преку ноќ“ стана најбараниот артикл во клупската продавница.

„Има толкава побарувачка за овој дрес што клубот деновиве едвај има време да испечати нови реплики“, пишуваат португалските медиуми.

Да потсетиме, Спортинг оваа идеја ја спроведе во соработка со Роналдо, дресовите се многу атрактивни (црни со жолти ракави), но најважниот детаљ што ги прави вредни е на десната страна од грбот. Наместо ознаката на производителот , таму е логото на Кристијано Роналдо (CR7).

Само првиот ден од продажбата, целиот контингент на дресови беше распродаден (10.000), некои онлајн, некои директно во продавницата, а од вторник само од продажбата на овој артикл клубот заработи 750.000 евра.

Спортинг, овој комплет дресови го посвети на одбележување две децении од заминувањето на Кристијано во Манчестер јунајтед.

Scroll to Top