Фудбалерот од средниот ред на Челси, Дени Дринквотер открива дека посетува спортски психолог во обид да ја „рестартира“ својата кариера отворено зборувајќи за сите проблеми кои му се случија во последните две години.
30-годишниот Дринквотер не се избори за стартно место во Челси и сака трансфер или позајмица од клубот ова лето, но малку клубови во Премиер лигата би ризикувале со него посебно по последните проблеми – удирањето со глава на тренинг на Жота во Астон вила и тепачката која ја предизвика во ноќен клуб во Англија.
„Знам дека работите во Челси не функционираа и дека направив многу грешко, но не е толку едноставно како што луѓето сметаат – да не играш фудбал и да земаш плата. Парите не ги решаваат проблемите. Чекот не ми помага и не размислувам за пари. Кога го удрив Жота, веднаш се извинив и отидов дома. Ја преземав одговорноста“, објаснува Дринквотер за „Телеграф“.
Сезоната 2019/20 Дринквотер ја започна во Барнли, но заигра само двапати за клубот, откако беше нападнат во еден ноќен клуб.
„Некои велеа дека се обидував да земам девојка на некој фудбалер, но не беше така. Одеднаш скокнаа и ме истепаа. Менталната состојба не ми беше добра и некои работи не требаа да се случат“, додава Дринквотер.
Дринквотер флертувал со туѓа девојка, па добил сериозен ќотек