Top Sport

Дрис Мертенс го продолжи договорот со Наполи

Дрис Мертенс, конечно, официјално стави потпис на новиот договор со Наполи, со што ќе остане на „Сан Паоло“ барем уште две сезони.

Потписот доаѓа во среда попладне, само неколку часа пред Наполи да го играат финалето од Копа Италија во Рим против Јувентус.

„Среќни сме што сме заедно долго време. Долго да живее Дрис“, напиша претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис на Твитер.

33-годишниот Белгиец го продолжи договорот до 2022 година, со опција за трета сезона во Неапол по шпекулациите дека ќе се пресели во Челси и Интер. Тој е миленик на фановите на Наполи, и со голот против Интер стана најдобриот стрелец во историјата на клубот со 122 гола во 310 настапи.

Scroll to Top