Top Sport

Белјерин вети 3.000 засадени дрва за секоја победа на Арсенал

Шпанскиот дефанзивец на Арсенал, Ектор Белјерин вети дека ќе осигура засадување на 3.000 дрва за секоја победа на неговиот тим до крајот на сезоната во обид да ја крене свесноста за климатските промени.

„За секој натпревар кој ќе победиме, ќе засадам 3.000 дрва за борба против емисиите на јаглерод диоксид“, напиша Шпанецот на Твитер.

Белјерин е партнер на непрофитната организација „One Tree Planted“ која организира пошумување. Дрвата ќе бидат засадени во Амазонија.

Scroll to Top