Top Sport

Дукуре му „врза“ една на Кејн и доби црвен картон

Понеделничкиот дуел помеѓу Евертон и Тотенхем не донесе многу возбуда во речиси цел час игра, за во 58. минута, несмислената реакција на Абдулаје Дукуре да ги остави домаќините со играч помалку.

Тој „падна“ на провокацијата на Хери Кејн во еден дуел покрај аут-линијата, за потоа да го удри по лицето, и нормално, да добие црвен картон. Кејн имаше среќа што помина само со жолт картон.

Scroll to Top