Top Sport

По пожарот во соблекувалната, Емполи со прва победа по осум меча

Франческо Капуто беше прецизен од белата точка за да ја прекине серијата на Емполи од осум меча без победа, и во исто време да ги „осуди“ Лече на петти пораз во низа во меч кој започна со одложување поради пожар во соблекувалната.

Стартот на мечот беше одложен еден час откако поради краток спој, имаше пожар над соблекувалната на Емполи на „Стадио Кастелани“, кој за среќа бргу беше неутрализиран.

Единствениот гол падна во 62. минута, кога Мортен Хјулманд го собори Паризи, а Капуто беше прецизен од белата точка.

Scroll to Top