Top Sport

Дуото Икарди-Мбапе го „казни“ Марсеј во првото полувреме (видео)

Мауро Икарди Килијан Мбапе постигнаа по два гола во првото полувреме, за Пари Сен-Жермен да го издоминира Марсеј во француското дерби и да стигне до 4:0 победа, деветта во шампионатот, по што разликата во поени меѓу двата тима е дури 11 поени.

„Преселникот“ од Интер, Мауро Икарди имаше совршено отварање на мечот, со два гола во 10. и 26. минута од мечот, по што стана јасно дека тимот на Андре Вилаш Боаш не може да очекува нешто повеќе на „Паркот на принцовите“.

Потоа, Мбапе, кој побара поголема улога во играта на својот клуб, го „дотепа“ Марсеј, со два гола во 32. и 44. минута во фуриозното прво полувреме.

Scroll to Top