Top Sport

Солскјер: Нека зборуваат што сакаат, ова беше добра недела

Оле Гунар Солскјер вели дека не се навредува од критиките кои ги добива Манчестер јунајтед оваа сезона и вели дека останува на својот план. „Ѓаволите“ скокнаа на табелата по 3:1 победата над Норич, само трет триумф оваа сезона и прв од средината на септември.

„Мене ме навредуваа резултатите, а не тоа што се зборуваше. Не ми е грижа што кажуваат луѓето, секој има право на свое мислење и тоа нема да го коментирам. Убаво е што ни се врати Антони Марсијал бидејќи покажа колку е важен за нашата игра. Ова беше добра недела. Почна со пристојна игра со Ливерпул и сега со две победи на гости, така што се надевам дека моите фудбалери ќе добијат самодоверба“, вели Солскјер.

Scroll to Top