Со Килијан Мбапе и Лионел Меси во стартниот состав, Пари Сен-Жермен ја зголеми предноста на табелата пред Марсеј на 16 поени, откако иако беа неубедливи во 93. минута постигнаа еден гол за минимална 1:0 победа над Рен.
Фрустрацијата во играта на тимот на Маурисио Почетино беше забележлива, посебно откако му беше поништен гол на Мбапе во 65. минута, но на крајот во 93. минута по една брза акција, Меси убаво го најде Мбапе, кој што ја искористи лошата интервенција на голманот на Рен за да го постигне победничкиот гол.
ПСЖ има 59 поени на врвот на Лига 1, пред Марсеј со 43, додека Рен се петти со 37 поени.
MERCI BOSS ❤️? @KMbappe pic.twitter.com/mgomGKpW4P
— Mbappé Side (@Mbappe_Side) February 11, 2022
Standings provided by SofaScore LiveScore