Top Sport

Марсијал со прва асистенција, Севилја во последните 20 минути го победи Елче

Севилја се доближи на само три поени од Реал Мадрид (кои утре гостуваат кај Вилјареал), откако со 2:0 во последните 20 минути од мечот го скршија отпорот на Елче за прва победа по три ремија во низа.

Алехандро „Папу“ Гомез во 70. минута го отвори резултатот, пред „позајмицата“ од Манчестер јунајтед, Антони Марсијал шест минути подоцна да му асистира на Рафа Мир за потврда на трите поени.

Севилја сега има 50 поени со 24 одиграни натпревари, три помалку од Реал на првото место, но дури десет пред градскиот ривал Реал Бетис. Елче се 14. со 26 поени, осум над зоната за испаѓање.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top