Top Sport

Дупла плата и нов договор за Бернардо Силва

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва ќе го продолжи својот договор со Манчестер сити. Со новиот договор на Португалецот ќе му биде двојно зголемена платата.

Бернардо Силва пред 18 месеци од Монако пристигна во Манчестер сити. „Грашаните“ за неговиот трансфер издвоија 60 милиони евра.

Оваа сезона тој е еден од најдобрите играч во тимот што го предводи Пеп Гвардиола, а особено е истакнат во изминатите три месеци, кога Сити успеаја да го престигнат Ливерпул на табелата во Премиер лигата.

„Скај Спорт“ објави дека Брнардо Силва ќе потпише нов шест годишен договор со Манчестер сити и дека годишно ќе заработува 12 милиони евра.

Овој фудбалер досега во кариерата со тимовите во кои настапувал ги освојувал титулите во Портгалија (Бенфика), Франција (Монако) и Англија (Манчестер сити).

Scroll to Top