Top Sport

Монтела и официјално вторпат тренер на Фиорентина

Винченцо Монтела се врати во тимот на Фиорентина во средата, откако италијанскиот прволигаш го замени Стефано Пиоли, кој си замина во вторникот.

44-годишниот Монтела беше на чело на Фиорентина три сезони од 2012 до 2015, период во кој Виола имаше постојани резултати – три четири места во Серија А и пласман во финалето на Копа Италија и полуфинале од Лига Европа.

По заминувањето од Фиренца, Монтела беше тренер на Милан, каде што изддржа само 18 месеци и на Севилја, каде што беше отпуштен по четири месеци.

Фиорентина, кои се 10. во Серија А, но играат во полуфиналето на купот, на својот веб-сајт потврдија дека Монтела има договор до јуни 2021 година.

Scroll to Top