Top Sport

Дури 121 човек од Јувентус во самоизолација!

Јувентус потврдија дека 121 човек од нивниот тим, вклучувајќи фудбалери, директори, помошен персонал, но и лично претседателот Андреа Ањели се во самоизолација по позитивниот тест на корона вирусот на Даниеле Ругани.

Дефанзивецот вчера беше првиот фудбалер од Серија А со позитивен тест на вирусот, пред денеска да му се приклучи и Маноло Габијадини од Сампдорија.

„По вчерашните вести и позитивниот тест на Даниеле Ругани, 121 човек, вклучувајќи фудбалери, членови на тимот, директори и вработени во Јувентус ќе одат во домашна самоизолација според препораките на здравствените работници“, се вели во соопштението на клубот.

Повеќето од членовите на тимот ќе престојуваат во „Ј-хотелот“ кој се наоѓа веднаш до тренинг-центарот на клубот.

Ањели пак, еден од најмоќните луѓе во светот на фудбалот, објави дека и самиот ќе ги почитува правилата и во исто време покрена кампања за донации за болниците во провинцијата Пиемонт.

Scroll to Top