Top Sport

Налбандијан: Федерер, Надал и Ѓоковиќ едноставно имаа среќа

Поранешниот финалист од Вимблдон, Аргентинецот Давид Налбандијан е полн со пофални зборови за своите поранешни ривали Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но објаснува дека најмоќното тениско трио едноставно имало среќа со повредите во нивните долги кариери.

Иако е врсник на Федерер, Налбандијан стана професионален тенисер во 2000 и се повлече во 2013 година поради постојани проблеми со колкот. Во кариерата тој освои 11 титули во сингл, Мастерс купот во 2005, а во 2002 играше во финалето на Вимблдон.  Тој останува единствениот Аргентинец кој стигнал до полуфинале на сите четири гренд слем турнири.

„Да, Новак, Рафаел и Роџер се уникатни. Играат толку многу години, што мислам дека се единствените во историјата кои можат да играат на тоа ниво толку долго. Тоа е навистина неверојатно бидејќи знам колку голема жртве потребно за тоа. Имаа среќа со повредите во текот на кариерата, иако Рафа страдаше повеќе од Новак и Роџер. Најмногу се восхитувам на мотивацијата и желбата да се игра“, вели Налбандијан.

Аргентинецот ја продолжи спортската кариера на поинаков начин, учествувајќи во рели трки во Аргентинскиот шампионат.

Scroll to Top