Top Sport

Дуван Запата ја напушта Аталанта и се сели во Рома?

По доаѓањето на Џанлука Скамака од Вест Хем во Аталанта, многу веројатно е дека Колумбиецот Дуван Запата ќе замине од Бергамо. Одличниот напаѓач летово ќе го напушти клубот, а за неговите услуги е заинтересирана Рома.

Жозе Мурињо високо ги цени квалитетите на Колумбиецот и е подготвен да го донесе на позајмица со опција за откуп на крајот од сезоната.

„Волчицата“ веќе извесно време бара напаѓач, а Мурињо би бил среќен доколку го добие Запата во својот тим.

 

Scroll to Top