Top Sport

Два авто-гола, неславен рекорд на европските првенства

Португалија, во поразот од Германија (2:4) на Европското првенство, забележа негативен рекорд. Ниту една репрезентација во историјата не постигнала два авто-гола на еден натпревар.

Португалците со авто-головите на Рубен Дијаш и Рафаел Гереиро и дозволија на Германија да направи пресврт за 1:2.

На крајот запишаа убедлив пораз од 2:4.

Португалија во последното коло ќе игра уште едно дерби, противник ќе им биде Франција.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');