Top Sport

Два гола на Кејн – Тотенхем го исфрли Брајтон од ФА купот

Фудбалерите на Тотенхем изборија пласман во петтото коло, во ФА купот на Англија. Натпреварот на кој за Тотенхем дебитираше Дејан Кулушевски, го реши Хари Кејн.

Кејн ги постигна првиот и третиот гол за Тотенхем. Првиот со прекрасен удар во 13.минута, а третиот по асистенцијата од Сон, откако Бисума го намали резултатот.

Вториот гол за Тотенхем е авто-гол на Марч. Играчот на Брајтон го блокираше ударот на Емерсон, топката доби чудна патека и заврши за грбот на Санчез.

Scroll to Top