Top Sport

Два гола на Одегард – Арсенал победија кај Вулверхемптон

Фудбалерите на Арсенал од лидерската позиција ќе го чекаат стартот на вториот дел од сезоната. На врвот, по победата над Вулверхемптон (2:0), Арсенал има пет поени повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити.

Натпреварот против Вулверхемптон го реши Мартин Одегард. Норвежанецот во второто полувреме ги постигна головите во 55. и 75.минута.

За разлика од Арсенал, Вулверхемптон се наоѓа во очајна ситуацијам последни се на табелата со само 10 бода и само осум постигнати гола. Пред новиот тренер Хулен Лопетеги е сериозен предизвик да ги задржи „волците“ во Премиер лигата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');