Top Sport

Неверојатен натпревар на Лука Дончиќ за 49. трипл-дабл во кариерата

Лука Дончиќ повторно го водеше Далас до триумф постигнувајќи нов рекорд кој го издигнува на шестото место на вечната листа во НБА лигата. Тој дојде до 49. трипл-дабл во кариерата  и  четврти со најмалку 40 поени.

За споредба, сите останати кошаркари во историјата на Маверикс имаат комбинирано 40 вакви настапи.

Словенечкиот претставник на теренот мина речиси 38 минути и за тоа време постигна 42 поени (13/22) од поле со 13 скока, 10 асистенции и две загубени топки и по една украдена топка во победата на Далас од 117-112. Тој е единствениот кошаркар, заедно со Тре Јанг и Џа Моренто, кој е во топ 10 кога се во прашање и поени и асистенции.

Го следеше Спенсер Динвиди со 20 поени, седум скока и шест асистенции, додека Кристијан Вуд имаше 19 поени и пет скока.

На другата страна најдобар беше Џерами Грант со 37 поени и шест скока, а Демиен Лилард додаде 29 поени, седум скока и 12 асистенции.

Ова беше седма победа за Далас во 12 меча, додека Портланд и покрај поразот е подобро рангиран со девет победи во 13 меча.

НБА лига резултати:

Лос Анџелес Клиперс – Бруклин 95:110
Вашингтон – Јута 121:112
Детроит – Бостон 108:117
Индијана – Торонто 118:104
Филаделфија – Атланта 121:109
Мајами – Шарлот 132:115
Далас – Портланд 117:112
Њу Орлеанс – Хјустон 119:106

Scroll to Top