Top Sport

Два гола на „Спајдерменот“ Јоветиќ за камбек на Херта кај Штутгарт

Црногорскиот ветеран Стеван Јоветиќ постигна два гола за Херта да стигне до камбек 2:2 реми на гостувањето кај Штутгарт во 14. коло на германската Бундеслига.

Штутгарт имаше атомски старт на мечот, поведувајќи преку Омар Мармуш по само 15 минути игра, за само четири минути подоцна Филип Форстер да зголеми на 2:0. 32-годишниот Јоветиќ во 40. минута намали на 2:1, со неверојатен гол по кој прославуваше како „Спајдермен“, пред во 76. минута да израмни за Херта во борба за поени за избегнување на зоната за испаѓање.

Да потсетиме, покрај Романецот Флорин Радучој, Јоветиќ е единствениот фудбалер на светот кој постигнал голови во петте најсилни европски лиги (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција).

Херта останува на 14. место со 15 поени, едно место и еден поен пред Штутгарт.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top