Top Sport

Рубљов преку упорниот Гојо, Русија води со 1:0 во Дејвис купот

Андреј Рубљов добро се испоти, но ја оправда улогата на фаворит, победувајќи го Борна Гојо со 6:4/7:6(5) за да донесе 1:0 водство на Русија во финалето од Дејвис купот во Мадрид.

Гојо започна одлично, но не успеваше да го пронајде посакуваниот брејк во првиот сет, пред фаворитот Рубљов да го освои со 6:4. Во вториот сет беше уште потесно, и светскиот број 5, Рубљов дури во тај-брејк успеа да го победи Гојо, херојот од победата над Србија во полуфиналето и светски рекет број 279.

Хрватска ќе се обиде да го однесе финалето во одлучувачкиот меч во двојки каде што ги имаат прворангираните Мектиќ и Павиќ, кога Марин Чилиќ ќе излезе на теренот против актуелниот шампион од САД опен, Данил Медведев.

Scroll to Top